четврток, 19 март 2026

Пелистер во второто полувреме го урна Шкупи, Башкими победи и против Тиквеш (ВИДЕО)

Eкипите на Пелистер и Башкими врзаа по две победи во Првата македонска фудбалска лига откако денеска славеа против Шкупи и Тиквеш.

Објавено на

часот

Сподели

Шкупи кој се соочува со низа проблеми успеа некако да состави тим и се држеше против фаворизираниот Пелистер еден час. Тогаш Ристиќ кој влезе во второто полувреме го скрши отпорот на чаирчани и го отвори резултатот.

Неговото влегување се покажа како клучен потег бидејќи беѓе и асистент за вториот гол кој беше дело на Булатовиќ со што беа поставени конечните 2-0.

За Пелистер ова беше втора победа во низа по поразот од Вардар во Скопје во првото коло.

Башкими во натпреварот во Куманово на свој терен го совлада Тиквеш со 3-1 и така и тие стигннаа до втор триумф во низа. Филип Алексовски постигна два гола, еден Симовски, додека за Тиквеш стрелаше Мишов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ