По победничкиот старт на новата сезона во Лигата на шампионите, Пелистер почна да реди порази. Денеска одиграа лош меч против Висла Плоцк.
Пелистер имаше одличен старт на мечот, беше рамноправен противник на Висла се до резултат 9-9. Потоа домаќините направија серија и поведоа со 14-10. Со четири разлика се замина на полувремето, беше 18-14 за полскиот тим.
Во второто полувреме Пелистер комплетно се распадна, во еден момент Висла имаше водство и од 12 разлика, на крајот победи со 36-25.
Најефикасен во составот на Пелистер беше Дејан Манасков со седум гола, Митревски запиша девет одбрани. Кај Висла најдобар беше Ричардсон со осум погодоци.
По четири кола Пелистер на табелата е претпоследен со два бода, зад битолчани е само Загреб кој е единствен без бодови, но со три натпревари.
Фото: Wisla Plock






