сабота, 21 февруари 2026

Пелистер со сериозен удар за шампионските амбиции на Струга

Пелистер освои вреден бод во битката за опстанок во Првата лига, откако пред својата публика ремизираше 1-1 против Струга, резултат што дополнително ја комплицира ситуацијата во горниот дел од табелата.

Објавено на

часот

Сподели

Стружани влегоа во натпреварот како фаворити, но уште еднаш не успеаја да ја оправдаат таа улога. По поразите од Шкендија и Силекс, актуелниот шампион остана без триумф и на третиот меч во пролетниот дел од сезоната.

Гостите поведоа по околу триесет минути игра преку Арби Воша и со минимална предност заминаа на пауза. Сепак, Пелистер покажа карактер во продолжението. Битолчани ја презедоа иницијативата, создаваа притисок пред противничкиот гол и на дваесетина минути пред крајот Булатовиќ го пронајде патот до мрежата за 1-1 и заслужена радост на трибините.

Вардар профитира од овој резултат, бидејќи сега има предност од девет бода во однос на Струга на врвот на табелата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ