Фудбалскиот клуб Пелистер оваа година слави 80 години постоење, по тој повод клубот подготви специјална програма.
Романскиот гигант ќе биде гостин на битолчани од 10 до 12 октомври, а во тој период ќе одигра и пријателски натпревар со првиот тим на Пелистер.
За Динамо Букурешт е 18-кратен шампион на Романија и 13 пати го освоил купот на оваа земја, тој е поранешен клуб на капитенот на Пелистер, Мирко Ивановски, па затоа и токму тие ќе бидат дел од роденденот на битолчани.
Агенда за прославата на јубилејот „80 години од постоењето на ФК Пелистер“
● 11.10.2025
18:00 -Официјална прес-конференција на ФК Пелистер и Динамо Букурешт во прес-салата на стадионот „Петар Милошевски“
19:00 – Свечена академија на ФК Пелистер во салата на Народниот театар во Битола
● 12.10.2025
20:00 -Меѓународен пријателски натпревар – Пелистер – Динамо Букурешт
22:30 -Свечена вечера на претставниците на двата клуба
Пелистер ќе има и други активности поврзани за роденденот за кои клубот ќе извести во наредните денови.






