недела, 7 декември 2025

Пелистер покажа мускули, но загуби од Магдебург (ВИДЕО)

Пелистер доживеа очекуван пораз во Лигата на шампионите против актуелниот европски шампион Магдебург, германскиот тим победи во Битола со 31-26.

Објавено на

часот

Сподели

Магдебург во Битола пристигна со осум победи од исто толку натпревари оваа сезона во Лигата на шампионите, но Германците не доминираа онака како што се очекуваше.

Пелистер одигра добар ракомет, ракометарите се бореа максимално, и достоинствено го испотија дресот.

На полувремето Магдебург имаше предност од 15-12, до крајот додадоа уште два гола за конечна победа од 31-26.

Манасков и Радивојевиќ беа најефикасни кај Пелистер со по пет гола, Кузмановски постигна четири, а Тајник, Хенигман и Хосни завршија со по три. Јенсен со шест гола беше најефикасен играч на мечот. Митревски беше мошне солиден на голот, со 11 одбрани.

Следниот натпревар на Пелистер во Лигата на шампионите е на гостински терен кај Загреб, тој меч се игра на 3 декември.

Фото: ЕПА

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ