недела, 6 април 2025

Пелистер по голема борба го победи Чаир и се пласираше во полуфиналето

Кошаркарите на Пелистер добро се испотија за да го победат Чаир со 76-72 и да се пласираат меѓу четирите најдобри во Купот на Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Пелистер одлично го почна мечот, со серија од 9-2, но веднаш потоа реагираше Чаир и ја намали негативата. Првата четвртина заврши со предност на битолчани со 25-20. Вториот период беше изедначен, на полувремето се замина со резултат 41-36.

Вистинска драма се случуваше во последните десет минути кога Чаир повеќепати го израмнуваше резултатот. Беше 72-72, но Пелистер успеа до крајот да даде уште четири поени без да прими и го доби мечот со 76-72.

Никола Мишковиќ со 23 поени и 11 скока и новакот Џеремаја Гумбрел со 20 поени беа убедливо најдобри во победничкиот тим, додека Американците Мофит и Кели со по 24 поени беа најпрецизни кај Чаир.

Пелистер во полуфиналето ќе игра со победникот од дуелот меѓу МЗТ Скопје и Работнички.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ