среда, 30 јули 2025

Пелистер остана без тренер, Раул Алонсо го напушти битолскиот тим

Пелистер соопшти дека ја прекинува соработката со шпанскиот стратег Раул Алонсо со кој ја освоија шампионската титула минатата сезона.

Објавено на

часот

Сподели

Пред извесно време излезе информација дека Лајпциг е сериозно заинтересиран за Раул Алонсо, па веројатно тоа е причината за заминувањето на тренерот од Битола.

„Еурофарм Пелистер и Раул Алонсо спогодбено ја прекинаа соработката. До прекин на соработката дојде по барање на тренерот кој поради приватни причини побара да се врати во Германија.
Еурофарм Пелистер му се заблагодарува на Раул и му посакува многу успех понатаму!“, стои во соопштението на РК Пелистер.

Алонсо во Битола пристигна минатата година, не успеа да го освои Купот на Македонија, но ја одбрани титулата во Суперлигата и тоа со победа над Вардар во Скопје во последното коло од сезоната.

Тој најголемиот дел од кариерата како тренер го мина во Германија, таму и ќе се врати.

Во наредниот период Пелистер ќе го бара неговиот наследник.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ