Пелистер пред вчерашниот меч со Шкендија беше во серија од пет последователни порази, а ниту добриот резултат против актуелниот шампион не го спаси Капинковски.
„ФК Пелистер ја известува јавноста дека се раздели со шефот на стручниот штаб Димитар Капинковски.
Клубот му се заблгодарува на Капинковски за ангажманот и прифесионалноста и му посакува успех во понатамошниот тек на кариерата.
Во првите девет натпревари Пелистер запиша две победи, еден нерешен резултат и шест порази.
Клубот деновиве ќе го промовира новиот шеф на стручниот штаб“, стои во соопштението на битолскиот клуб.






