Вардар во Битола отпатува со 15 победи од исто толку натпревари, но дојде денот кога оружјето беше положено, големата серија прекината.
Скопскиот тим одлично го почна натпреварот, неколкупати имаше три гола предност, последно беше 8-5, а оттогаш работите се променија. Следуваа минути на Пелистер кој го сврте резултатот и на полувремето замина со убедлива предност од три разлика, беше 13-10.
Во вториот дел Вардар најмногу што направи е што дојде на негатива од два гола разлика. Пелистер доминираше, неколкупати имаше предност од шест гола разлика, на крајот мечот заврши 28-23.
Радивојевиќ со девет гола беше најефикасен на мечот, Хајдарирад имаше одлична партија со 12 одбрани. Кај Вардар, Хориха и Митровиќ дадоа по пет гола, Валах имаше седум интервенции.
Вардар и покрај поразот останува на врвот на табелата со 30 бодови, Пелистер е втор, со оваа победа дојде до 28 бодови.






