Битолчани во соопштението велат дека ги демантираат медиумите дека Манасков е приведен, но тоа беше информација на охридската полиција.
„Ракометарот на Еурофарм Пелистер – Дејан Манасков беше повикан на информативен разговор во СВР Охрид, по што е пуштен дома, ги демантираме сите медиуми, дека нашиот ракометар е приведен“, соопштија од ракометниот клуб Пелистер.
Претходно, портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски објави:
„На 14 декември 2025 година во 20:20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М. (33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола. Тој, по завршување на ракометен натпревар што, денеска се одржуваше во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид, при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К.А. помошен тренер на домашниот-охридскиот ракометен клуб. По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава“.
Пелистерци беа понижени на гостувањето кај Охрид каде загубија со 29-25, но губеа и со девет голови разлика.
Ракометарите и навивачите на Пелистер не го прифатија лесно ваквиот развој на мечот, па имаше инциденти по неговото завршување.






