сабота, 4 април 2026

Пелистер ја победи Шкендија и му направи услуга на Вардар

Фудбалерите на Пелистер приредија големо изненадување откако славеа на гостувањето кај Шкендија со 1-2 (1-1) во Тетово во натпреварот од 25. коло на ПМФЛ.

Објавено на

часот

Сподели

Домаќините подобро го отворија натпреварот и создадоа неколку изгледни шанси, но не успеаја да ја материјализираат иницијативата. Казната стигна во 37. минута кога Стефан Спировски искористи грешка во одбраната на Шкендија и донесе водство од 0-1 за битолчани.

Шкендија сепак успеа да се врати во игра пред паузата, откако Ибраими погоди за израмнување на 1-1 во самиот финиш од првото полувреме.

Во вториот дел тетовци продолжија со притисокот и ја контролираа играта, но реализацијата повторно изостана. Пелистер трпеливо чекаше своја шанса и ја дочека во завршницата, кога Вилдан Керим ги казни промашувањата на домаќините и донесе голема победа од 1-2.

На овој исход се радуваат и во Вардар кој е во трка со Шкендија за шампионската титула.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ