Со гол во последните секунди Пелистер дојде до победата. Тоа беше изедначен натпревар во кои двата тима имаа свои периоди, на крајот битолскиот тим покажа кој е актуелен шампион.
Во текот на првиот дел Вардар имаше водство и од четири голови разлика, напаѓаше и за плус пет, не даде гол, битолскиот тим се врати и на одморот замина со еден негатива. Беше 13-12 за црвено-црните.
Второто полувреме му припадна на Пелистер. Овојпат битолскиот тим дојде до предност од четири погодоци, беше 26-22, но Вардар не се предаде, со серија од 4-0 го изедначи резултатот на 26-26.
Се влезе во драматичен тим во кој Пелистер го имаше последниот напад, по една договорена акција Хосни успеа да пробие, да даде гол за победа на битолскиот тим од 28-27.
Најефикасен во составот на Пелистер беше Хосни со осум голови, за Вардар најмногу даде Кавада, шест, сите од пенал, Талески постигна пет.






