вторник, 16 декември 2025

Пелистер им ги продолжи договорите на браќата Атанасијевиќ

Браќата Петар и Павле Атанасијевиќ потпишаа нови договори со македонскиот ракометен шампион, Пелистер, според кои за битолскиот тим ќе играат и во наредните три сезони.

Објавено на

часот

Сподели

Во пресрет на новата сезона, Пелистер информира дека ја продолжува соработката со браќата Атанасијевиќ.

„Новата сезона тропа на врата, но нашиот проект се протега многу подолго и затоа размислуваме и за иднината. Двата репрезентативни „бисери“ и наши членови со години наназад, Петар и Павле Атанасијевиќ ги продолжија договорите до јуни 2028 годинан и својата иднина ја гледаат во Битола и во шампионскиот тим“, стои во дел од соопштението на битолскиот клуб.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ