На стадионот „Петар Милошевски“ се одигра цврст и израмнет натпревар со мал број вистински шанси, па конечниот исход 0-0 на крајот се покажа како најреален епилог.
Во првото полувреме поиницијативен беше Пелистер, а најопасен пред голот на гостите беше Лука Булатовиќ кој се закани во две ситуации. Во продолжението Силекс ја презеде контролата на теренот и создаде неколку добри можности, но Мирчевски и Пиреш не успеаја да ја затресат мрежата.
И покрај шансите на двете страни, мрежите мируваа до последниот свиреж, па двата тима мораа да се задоволат со по еден бод.






