вторник, 15 јули 2025

Пелистер го победи Вардар среде Скопје и ја одбрани титулата

Пелистер трета година година по ред е шампион на Македонија, оваа круна за битолчани можеби е и најслатка бидејќи е изборена во последното коло во „Јане Сандански“ каде го победија Вардар со 32-30.

Објавено на

часот

Сподели

Ракометната сезона во Македонија заврши со вистински спектакл кој се случуваше во СЦ „Јане Сандански“. Салата беше преполна, распродадена, двете навивачки групи беа во елемент, на крајот Пелистер се радуваше на трофејот.

Натпреварот почна изедначено, се играше гол за гол, двете екипи се менуваа во водство. Така беше се до 10-10 кога следуваше серија на Вардар од 5-0 за највисоко водство од 15-10. Пелистер возврати со серија од 3-0, намали на 15-13. На одморот се замина со предноста на црвено-црните од 17-15.

Во второто полувреме Пелистер беше подобар, за кратко време ја анулираше предноста на Вардар и го сврте резултатот. Двата клуба се менуваа во водство, а во минутите кога се решаваше победникот Пелистерци беа поснаодливи и на крајот го добија мечот со 32-30.

Пелистер сосема заслужено ја одбрани титулата, Вардар имаше се во свои раце, домашен терен, поддршка од публика, можеше да остане прв и со реми, но не успеа, црвено-црните ќе почекаат за да се вратат на тронот.

Филип Кузмановски со седум голови беше најефикасен во составот на Пелистер, по пет гола дадоа Пешевски, Хосни и Тајник. Во составот на Вардар Вуко Борозан постигна осум голови, седум реализираше Срдановиќ.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ