недела, 14 декември 2025

Пелистер го освои целиот плен во Струмица против Брера (ВИДЕО)

Пелистер со 2-1 славеше на гостувањето кај Брера во Струмица и ги запиша првите три бода во новата сезона.

Објавено на

часот

Сподели

Брера прва ја затресе мрежата, но голот на Ензиге беше поништен поради игра со рака.

Првиот регуларен гол беше постигнат во 57. минута кога Мирко Ивановски даде гол од пенал за водство на Пелистер од 1-0.

На 20 минути до крајот Филип Бошковски му донесе предност на Пелистер од 2-0, но Брера не се откажуваше и покрај сигурната предност на гостите.

Надежта ја врати капитенот Антовски кој постигна убав погодок со удар од далечина во 76. минута. Сепак, иако имаа неколку прилики, сепак струмичани не успеаа да дојдат до израмнување. Во финишот Здраковиќ од редовите на Пелистер заработи црвен картон, меѓутоа веќе беше предоцна за Брера да дојде барем до бод.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ