сабота, 10 јануари 2026

Пелистер ги почна подготовките за вториот дел од сезоната

ФК Пелистер од денеска ги стартуваше подготовките за пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

Објавено на

часот

Сподели

Тренерот Милан Стојановски со работен состанок на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, означи старт на активностите во новата година.

Пелистер од денеска до 17 јануари ќе тренира на својот стадион, а потоа ќе се пресели во Анталија каде ќе остане две недели.

Битолскиот клуб во Анталија договори три контролни натпревари, на 20. јануари ќе игра со Спартак Суботица од Србија, на 24 јануари против Железничар од БиХ, а на 28 јануари со Невбахор Наманган од Узбекистан.

Се очекува во наредниот период да бидат претставени и нови засилувања.

Вториот дел од сезоната Пелистер го почнува на 7 февруари против Работнички во Битола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ