недела, 14 декември 2025
Реал мерка дефанзивци на Ливерпул и Баерн Минхен

Пеколен план на Флорентино Перез: Сака да ги замени Ридигер и Алаба без да потроши ниту едно евро

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Реал Мадрид сака да ги замени Давид Алаба и Антонио Ридигер со Дајот Упамекано од Баерн Минхен и Ибрахима Конате од Ливерпул, двајцата можат да пристигнат за беспари.

Објавено на

часот

Сподели

Флорентино Перез има пеколен план, првиот човек на Реал Мадрид сака да ги замени Давид Алаба и Антонио Ридигер без да плати евро.

„Кралевите“ ги пикирале Дајот Упамекано од Баерн Минхен и Ибрахима Конате од Ливерпул.

Двајцата ги одработуваат последните месеци од договорите и по крајот на сезоната можат беспари да се преселат на „Бернабеу“.

Но задачата воопшто не е лесна, и Баерн Минхен и Ливерпул немаат намера да се откажат од дефанзивците и активно ги убедуваат да ја продолжат верноста.

ФОТО: X/Real Madrid C.F.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ