понеделник, 19 мај 2025
Децата на Барса го матираа Реал во три потега

Педри ја искина мрежата на Куртоа и ја потврди доминацијата на Барса над Реал во првите 45 минути (ВИДЕО)

Барселона води со 1-0 по првиот дел против Реал Мадрид во финалето на Копа дел Реј, Педри ја искина мрежата на Тибо Куртоа во 28. минута од мечот.

Објавено на

часот

Сподели

„Каталонците“ се на добар пат да го освојат трофејот во Копа дел Реј, избраниците на Ханси Флик се подобар противник од Реал Мадрид во првото полувреме и на пауза заминаа со предност од 1-0.

Голот падна во 28. минута, во режија на „децата на Барса“, Педри ја искина мрежата на Куртоа со прецизен удар од врвот на шеснаесетникот.

Се почна со една пресечна топка на Кубарси, кој спречи додавање во фор од Белингем за Винисиус.

Педри потоа испрати долга топка за Јамал, кој убаво сочека соиграчот да се приклучи, му даде топка на тацна на 16-17 метри, а Педри испрати проектил во аголот за голема радост.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ