Бекот на пелистерци во завршницата од натпреварот доби удар со лакт в лице од Компаничу, за кој Романецот доби црвен картон. Атанасијевиќ беше повлечен од игра и мораше да му биде укажана помош, а од носот му течеше и крв.
Според информациите, се стравува и од можна скршеница на носот од ударот. Поради тоа по враќањето во Македонија бекот ќе биде подложен на снимање за да се утврди дали има посериозна повреда.
Ова е пех за Еурофарм Пелистер, бидејќи претходно на шампионатот се повреди и неговиот брат близнак Петар Атанасијевиќ.






