понеделник, 8 декември 2025
КАКОВ МОМЕНТ ЗА ДЕБИ ПОГОДОК ВО ДРЕСОТ НА „СТАРАТА ДАМА“

Паузираше 10 месеци, а вечерва по две минути постигна гол со кој го спаси Јувентус од пораз (ВИДЕО)

Јувентус и Аталанта ги победија бодовите во дербито во Торино, Хуан Кабал ги спаси домаќините од пораз откако претходно Камалден Сулемана ги донесе гостите во предност од 0-1.

Објавено на

часот

Сподели

Без победник заврши пресметката помеѓу Јувентус и Аталанта во првиот голем натпревар од 5. коло во Серија А.

„Бјанконерите“ доминираа во првиот дел кога е во прашање поседот и шансите, дури ја погодија и рамката од голот, но беа казнети на крајот од првиот дел.

Една загубена топка отвори шанса за Аталанта а Сулемана прецизно биеше од врвот на шеснаесетникот за 0-1 во 47. минута.

Јувентус притискаше и во продолжението од мечот, но се мачеше и до изедначување стигна по една грешка на Косуну, кој лошо ја процени нафрлената топка и му овозможи на Хуан Кабал да го постигне својот гол првенец по само две минути од влегувањето во игра.

Де Рон потоа доби втор жолт картон и ги остави гостите со играч помалку, но избраниците на Тудор не успеаја да ја искористат бројчаната предност и на крајот бодовите беа поделени.

ФОТО: X/JuventusFC

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ