понеделник, 19 мај 2025

Пауновиќ повика 20 одбојкарки за првиот собир во Струмица

Селекторот на македонската женска одбојкарска репрезентација, Стефан Пауновиќ, одлучи да повика 20 одбојкарки за првиот собир во Струмица за почетокот на подготовките за настапот во Сребрената Европска лига.

Објавено на

часот

Сподели

Петте интернационалки, организаторите на играта Јонузи и Ричлиева, и примачите Стојанова, Терзиевска и Хаџитошева ќе бидат основата на селекцијата заедно со колешките од трите најдобри екипи во моментов, новиот шампион Јанта Волеј КВ, финалистот на плеј-офот Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ Наковски Волеј.

Првата акција на сениорките летово е учеството во Сребрената Европска лига, која Македонија на отвора на домашен терен во салата „Парк“ во Струмица како организатор на првиот турнир во периодот од 30 мај до 1 јуни.

Собирот на репрезентацијата е закажан на 15 мај на пладне во хотелот „Пандев“ во Струмица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ