сабота, 7 јуни 2025

Пауновиќ го одбра составот за мечот со Луксембург

Селекторот на женската сениорска репрезентација Стефан Пауновиќ се одлучи со кои 14 репрезентативки ќе настапи на првиот натпревар против Луксембург, кој Македонија го игра утревечер, 20 часот, во салата „Парк“ во Струмица на отворањето на првиот турнир од ЦЕВ Европската Сребрена лига 2025.

Објавено на

часот

Сподели

Коректорот на шампионот Јанта Волеј КВ, Мери Бошковска отпадна од составот поради повреда на скочниот зглоб на еден од последните тренинзи и таа е веќе во процес на санирање на повредата, со цел што побрзо да се врати на теренот.

Покрај неа во составот ја нема ниту интернационалката Ерјона Јонузи. Организаторот на играта на селекцијата се врати по подолга пауза поради повреда и таа одлично одговори на сите задачи на селекторот Пауновиќ во текот на подготвителниот процес, но нема да игра на првиот меч.

„Од претходно најавив дека навистина имам тешка задача и со стручниот штаб бевме во сериозни дилеми околу изгледот на тимот за првиот меч. Сметам на сите и понатаму, се надевам дека и Бошковска ќе ја санира успешно повредата и што побрзо ќе ја имам на располагање. Од овие причини не го објавував составот се до крајниот рок“, објасни селекторот Пауновиќ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ