недела, 7 декември 2025

Партизан не ја прифаќа оставката на Обрадовиќ, го молат да се врати

Кошаркарскиот клуб Партизан го одржа најавениот итен состанок и излезе со соопштение во кое се вели дека не ја прифаќаат оставката на Обрадовиќ.

Објавено на

часот

Сподели

Тие веќе го контактирале легендарниот тренер и го замолиле да остане искажувајќи му комплетна поддршка.

„Одржана е итна седница на извршниот одбор на КК Партизан на тема новонастанатата ситуација во клубот по вчерашната неотповиклива оставка на тренерот на првиот тим, Жељко Обрадовиќ.

Извршниот одбор на предлог на претседателот Остоја Мијаиловиќ едногласно донесе одлука дека не се согласува со оставката на Жељко Обрадовиќ и му дава безрезервна поддршка со желба да остане прв тренер на КК Партизан и да ја ги повлече неопходните потези кои би донеле подобрување на резултатите на црно-белите.

По оваа одлука, клубот клубот му се обрати на Жељко Обрадовиќ и од него побара за својата оставка да размисли уште еднаш, да ја повлече и да продолжи со работа“, стои во соопштението на Партизан.

Сега останува да се види каква ќе биде реакцијата и одлуката на Жељко Обрадовиќ, дали ќе остане тренер на Партизан или и дефинитивно ќе замине од клубот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ