вторник, 23 декември 2025

Партизан го назначи наследникот на Жељко Обрадовиќ

Кошаркарскиот клуб Партизан денеска и официјално го потврди новиот тренер, станува збор за шпанскиот стратег, Жоан Пењароја.

Објавено на

часот

Сподели

Пењароја кој од минатиот месец стана слободен откако доби отказ од Барселона, сега почнува предизвик во Белград, седнува на жешката клупа на Партизан.

Во својата кариера ги водеше уште Валенсија, Басконија, Манреас и Андора, а во Валенсија работеше со македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ. Заедно со него, во стручниот штаб на Партизан доаѓа уште Урош Драгичевиќ кој ќе му биде помошник.

Своето деби на новата функција, Пењароја ќе го забележи в петок, на евролигашкиот дуел против Макаби во Белград.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ