недела, 25 мај 2025
Каква плата и да побара, без проблем ќе му ја дадат

Паника во Манчестер: Арапите со бланко чек доаѓаат по потписот на Бруно Фернандеш

Претставници на Ал Хилал пристигнале во Манчестер на средба со агентите на Бруно Фернандеш, Арапите се подготвени да му ги исполнат сите финансиски желби на Португалецот со цел да го ангажираат.

Објавено на

часот

Сподели

Бруно Фернандеш е капитен на Манчестер јунајтед, и еден од најдобрите фудбалери на „ѓаволите“ но лесно може да се случи Португалецот да го напушти Олд Трафорд.

Делегација на Ал Хилал пристигнала во Манчестер на средба со агентите на фудбалерот од средниот ред.

Арапите нема да штедат пари, па го известиле Бруно Фернандеш да си каже каква плата бара и тие без проблем ќе му ги исполнат сите финансиски барања.

Доколку успеат да пронајдат заеднички јазик до Португалецот, Ал Хилал ќе стапи во контакт и со Манчестер јунајтед и ќе достави конкретна понуда за трансфер.

Останува да се види дали „ѓаволите“ ќе бидат ставени на искушение и ќе прифатат разделба со својот капитен

Како што пренесува Дејли Стар, Бруно Фернандеш е еден од четворицата фудбалери (заедно со Хари Мегваер, Амад Диало и Патрик Доргу) кои се недопирливи и нема да бидат продадени во летниот преоден рок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ