Игор Ангеловски попладнево бурно реагираше на изборот на Гоце Седлоски за нов селектор, обвини за несериозен пристап и лични интереси.
Легендата на македонскиот фудбал и актуелен директор на националните селекции, Горан Пандев се најде прозван во објавата на популарниот Мрме, па реши да му одговори со кратка порака.
„Се јави големиот селектор, големиот „патриот“. Не дочека ни шест часа да почне да плука. Замислениот Наполеон. Експертот кој во последните години во ниту еден клуб не се задржа повеќе од 2-3 месеци. Шарлатан кој секогаш се става во прв план. Ајде со мене во пензија, доста ти беше, помина времето на шуто и рогато во ФФМ“ – напиша поранешниот напаѓач на Лацио, Интер и Наполи.
View this post on Instagram






