сабота, 28 март 2026

Пандев доби директорска функција, Најдоски и Адеми ќе го советуваат Омерагиќ

Веднаш по изгласувањето на Масар Омерагиќ за нов претседател на ФФМ, објавени се и имињата на новите функционери во македонскиот фудбал, меѓу нив има неколку фудбалски легенди.

Објавено на

часот

Сподели

Новиот претседател на ФФМ, Масер Омерагиќ рече дека еден од приоритетите му е враќање на фудбалските легенди во фудбалската федерација. Неколку од нив добија функции во новата постава.

Македонската фудбалска икона, Горан Пандев е назначен за спортски директор на македонските репрезентативни селекции.

Илија Најдоски заедно со нашиот поранешен репрезентативец, Агим Ибраими се назначени за советници во кабинетот на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

На предлог на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ за нов потпретседател е избран Марјан Стојкоски од ОФС Прилеп, тој доаѓа на местото на Лазар Ракиџиев кој досега ја извршуваше оваа функција.

За в.д. генерален секретар на ФФМ е назначен Дрилог Ганиу, тој доаѓа на местото на Наталиа Илиевска Божиновска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ