Настап во Лигата на шампионите е престиж за секој клуб, но Панчев смета дека на клубовите од овие простори местото им е во Лига Европа.
„Ако сме фудбалски реални и објективни, за сите балкански клубови – не само за Црвена звезда и Партизан, туку и за Динамо, Хајдук и другите – многу е подобро и покоректно да играат во Лигата на Европа. Тука квалитетот е на ниво што е поблиску до нашето и објективно имаме поголеми шанси да освојуваме бодови, да победуваме и да се радуваме. Лигата на шампионите ја бркаме само поради парите. Но ако гледаме фудбалски, Лигата на Европа е многу попогодна за нашите клубови“, истакна Панчев во изјава за ТВ Танјуг.
„Јас би бил задоволен Звезда да влезе меѓу првите 24. Имаме објективни шанси против Малме, кој има само еден бод и реално е без големи изгледи за пласман. Тоа треба да се искористи – да се одигра добро и да се освојат бод или три. Против Селта ќе биде многу потешко, шпанските екипи каде и да играат се силни и организирани“.






