понеделник, 15 декември 2025

Падна договор, Рашфорд се сели во Барселона

Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд во наредната сезона ќе настапува во Барселона како позајмен играч.

Објавено на

часот

Сподели

Барселона и Манчестер јунајтед постигнаа договор за едногодишна позајмица на Маркус Рашфорд со опција за целосен откуп.

„Ѓаволите“ неофицијално, ќе инкасираат 10 милиони евра за позајмицата и ќе заштедат дополнителни 15 милиони од платата на Рашфорд за следната сезона.

Англичанецот прифатил и намалување на платата за само да потпише во Барселона.

Во случај Барселона да биде задоволна од настапите на Рашфорд, ќе има можност да го откупи неговиот договор по завршувањето на сезоната за сума од околу 50 милиони евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ