Откако замина Рубен Аморим, кормилото на Јунајтед го презема Дарен Флечер, но тој беше назначен само додека да се најде следното решение.
Во игра беше Оле Гунар Солшер, но раководството на Јунајтед се реши шанса да му даде на Мајкл Керик.
Преговорите се завршени, договорот е постигнат, наскоро треба да биде и официјално објавен.
Керик како фудбалер на Манчестер Јунајтед мина 12 години, а му беше помошник и на Жозе Мурињо. По заминувањето тогаш на Португалецот, Керик исто така беше привремен тренер до назначувањето на Солшер. Но, таа авантура беше кратка.
Планот сега е Керик да биде тренер до крајот на сезоната, а во меѓувреме да се бара долгорочно решение. Не е исклучена можноста тој да остане и подолго доколку тимот под негово водство има добри резултати.






