четврток, 11 декември 2025

Откриено зошто се фрлаат дилда на теренот во женската НБА лига

Женската НБА лига изминативе денови е во фокусот на спортската јавност откако секс-играчка беше фрлена на паркетот на неколку натпревари, последните информации велат дека зад ова стои група која креирала нова криптовалута, и на овој начин сакаат да се промовираат.

Објавено на

часот

Сподели

За трет пат во само една недела, секс-играчка беше фрлена на теренот на натпревар од женската НБА лига.

Се започна на 29. Јули, кога на мечот помеѓу Голден Стејт Волкајрис и Атланта Дрим, од трибините полетал ваков предмет, завршил на паркетот и на кратко го прекинал натпреварот.

Потоа сличен инцидент се случи и на 1. август на дуелот помеѓу Голден Стејт Волкајрис и Чикаго Скај, а дилдо на паркетот заврши и на пресметката помеѓу Лос Анџелес Спаркс и Индијана Фивер на 5. август.

Сето ова предизвика интрига и збунетост, како и многу прашања за мотивите и што точно се случува. Веќе се уапсени две лица, но се уште не јасно дали станува збор за вирална шега поттикната од социјалните мрежи или за поорганизирана акција насочена против женската НБА лига и нејзините играчи.

И додека сите чекаат некаков одговор од истражните орани, последните информации велат дека за ова стои група која креирала нова криптовалута, и на овој начин сака да се промовира без притоа да потроши многу пари.

На 28. јули на крипто пазарот се појавува „Green Dildo Coin (DILDO)“ и ден подоцна почнуваат да летаат дилда на терените во женската НБА лига.

Изминативе десетина дена, вредноста на овој коин пораснала за дури три пати.

Групата најавува нови слични испади, кои ќе се случат и на другите спортови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ