понеделник, 15 декември 2025

Откриена причината поради која Мбапе заврши во болница и за кратко време загуби 6 кг

Како што пренесува Л’Екип, Килијан Мбапе завршил во болница во САД поради тешко труење со храна, предизвикано од бактерија присутна во пилешко месо.

Објавено на

часот

Сподели

Авантурата на Килијан Мбапе на Светското клупско првенство започна со кошмар, кратко по пристигнувањето во САД, напаѓачот беше хоспитализиран.

Првичните информации велеа дека Французинот завршил во болница поради гастроентеритис, но францускиот весник Л’Екип сега открива повеќе детали.

Ситуацијата била далеку од банална, лекарскиот тим на Реал Мадрид се сомневал и на напад од апендицитис (воспалено слепо црево).

Деталните тестови на крајот покажале дека се работи за тешко труење од храна, предизвикано од бактерија присутна во пилешко месо.

Како последица на болеста, Килијан Мбапе загубил шест килограми, па затоа и неговото враќање на терените се одбива бавно, тој се уште не бил стартер на Светското клупско првенство.

ФОТО: X/Real Madrid C.F.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ