петок, 10 април 2026

Освен Салах, уште една икона си оди од Ливерпул летово

Освен Мохамед Салах, уште една икона на Ливерпул заминува од клубот ова лето.

Објавено на

часот

Сподели

Еден од клучните играчи во модерната историја на Ливерпул, Енди Робертсон, на крајот од сезоната ќе го напушти „Енфилд“ како слободен играч.

Шкотскиот лев бек пристигна во 2017 година од Хал Сити и за кратко време се изгради во незаменлив дел од тимот. Во дресот на „црвените“ одигра 373 натпревари и освои бројни трофеи, меѓу кои и Лигата на шампиони и Премиер лигата.

Оваа сезона ја загуби стартната позиција, па разделбата беше очекувана. Интерес за него покажуваат Наполи, Јувентус, Атлетико Мадрид и Тотенхем.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ