понеделник, 23 март 2026

Осум екипи во борба за титулата, Фит Фан ќе игра бараж, Ускана го загуби прволигашкиот статус кај дамите

Регуларниот дел од сезоната во Првата лига жени беше комплетиран викендов, со натпреварите од 18. коло, по што е јасно кои осум екипи на прволигашката табела продолжуваат во плејоф фазата и во разигрувањето за шампионската титула.

Објавено на

часот

Сподели

Лидерот Наковски Волеј, Младост УГД, ланскиот финалист Работнички Скопје, бранителот на трофејот Јанта Волеј Кисела Вода, дебитантот Газели Волеј, повратникот Пелистер Волеј, како и Вардар ЕМ и Струмица жени се екипите кои ќе се натпреваруваат во четвртфиналето од плејофот.

Според пропозициите познати се и четвртфиналните парови, односно Наковски Волеј ќе се соочи со градскиот ривал Струмица жени, второпласираниот Младост УГД за противник во оваа фаза ќе го има Вардар ЕМ. Работнички Скопје ќе ги измери силите со Пелистер Волеј, додека четвртфиналето носи уште едно градско дерби меѓу актуелниот шампион Јанта Волеј КВ и дебитантот Газели Волеј.

Четвртфиналната рунда се игра во два добиени натпревари, а во случај на нерешен резултат во победи и идентичен сет количник, се игра „златен сет“ до 15 освоени поени, со разлика од два поени. Термините за одигрување на овие натпревари се 1 април, односно 4 април, а серијата стартува на теренот на послабо рангираната екипа. Победниците продолжуваат во полуфиналето на плејофот.

Според Пропозициите Фит Фан Волеј, кој застана на деветтото место на табелата и ќе игра бараж (дома-гости) за опстанок во Првата лига жени со второпласираната екипа од Втората лига жени, чии регуларен дел на сезоната завршува в среда.

Последнопласираниот тим Ускана, го губи прволигашкиот статус и во следната сезона ќе се натпреварува во Втората лига жени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ