недела, 14 декември 2025
Напаѓачот до крај ќе го „цеди“ Милан

Ориги сака уште една сезона да „лапа“ 4 милиони без да игра, одбил раскин на договорот со Милан

Медиумите од Италија пренесуваат дека Дивок Ориги одбил на взаемна согласност да го раскине договорот, напаѓачот ќе го цеди до крај Милан и без да игра ќе си „лапне“ плата од 4 милиони евра.

Објавено на

часот

Сподели

 

 

Дивок Ориги пристигна на Сан Сиро летото во 2022, со оглед на тоа дека пристигна беспари, доби богат договор со плата од 4 милиони евра по сезона.

Но напаѓачот не се снајде во Калчото и сега е голем товар на буџетот на Милан.

Минатата сезона не одигра ниту еден натпревар, едно време никој не знаеше каде е тој, одредени луѓе велеа дека го виделе во Рим, други пак го виделе во Фиренца.

„Росонерите“ ова лето се обидоа да раскрстат со Дивок Ориги и му понудија на взаемна согласност да го раскинат договорот.

Но на напаѓачот не му се допаднала компензацијата која му била понудена, па тој во моментов останува на ставот во целост да си го одработи договорот до 30. јуни 2026 и да си „лапне“ нови 4 милиони евра.

ФОТО: X/AC Milan

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ