недела, 22 март 2026

Орајли за четири минути го шокираше Арсенал, Манчестер Сити освои трофеј (ВИДЕО)

Манчестер Сити ја доби првата битка со Арсенал за трофеј оваа сезона откако славеше со 2-0 со два гола на Орајли и го освои Лига Купот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Пеп Гвардиола беше поумешен од Микел Артета во финалната пресметка за Лига купот на Англија.

Арсенал подобро го почна мечот, но не успеа да постигне гол, потоа се играше рамноправно. На одморот се замина без голови.

Резултатот беше отворен во 60. минута кога по еден кикс на голманот Кепа, Орајли погоди за водство на Сити од 1-0.

Четири минути подоцна пак Орајли постигна гол и ја завери победата од 2-0.

Арсенал се обидуваше да се врати во игра, но сето тоа беше јалово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ