сабота, 21 март 2026

Омерагиќ: Ова е борба за чист фудбал, завршија времињата на напади, опструкции и притисоци

На Редовното генерално собрание на Фудбалската федерација на Македонија свое обраќање имаше претседателот Масар Омерагиќ.

Објавено на

часот

Сподели

Првиот човек на македонскиот фудбал кажа дека критиките се неосновани врз судиите и одлуките.

Ќе одиме до крај. Без калкулации. Без компромиси. И да им биде јасно на сите, оние што мислат дека со напади, конструкции и притисоци ќе нè поколебаат, се во сериозна заблуда. Тие времиња завршија. Најгласни денес се токму оние на кои им одговараше систем без контрола. Оние што со години функционирале во зона на комфор, без одговорност. Тоа повеќе не постои. Ова е борба за чист фудбал. И во таа борба нема чекор назад. Судењето денес е на значително, значително повисоко ниво. Без скандали и без крупни грешки. ВАР системот е сериозна поддршка и носи дополнителна сигурност во одлуките. Поплаки секогаш ќе има, тоа е дел од фудбалот, и кај нас и насекаде во светот. Но, денес зборуваме за поединечни ситуации, а не за системски проблеми. И да бидеме отворени…најгласни се секогаш оние на кои резултатите не им одат во прилог. Тогаш виновни се сите други, федерацијата, судиите… освен тие самите. Тогаш се пишуваат соопштенија, се создава притисок и се бара алиби. А кога победуваат, тогаш молчат. Време е одговорноста да се бара и во сопствените редови. Фудбалот не може да оди напред ако вината секогаш се бара надвор, а никогаш дома“, кажа Омерагиќ.

Тој откри и новитети во статутот на федерацијата. Според новиот, клубовите ќе имаат право на делегати во собранието за првпат по основањето.

За првпат од осамостојување им се дава можност за учество на клубовите во собранието. Секој прволигаш ќе има можност да даде по еден делегат во собранието на ФФМ. Фудбалските клубови се чинители на фудбалот и ние им дадовме право на сите 10 прволигаши да имаат делегат. Само оние две екипи кои ќе испаѓаат ќе имаат флексибилни мандати. Ќе бидеме поделени на шест региони, секој регион ќе даде по шест делегати, здржуението на судии ќе има три делегати. Собранието ќе брои околу 50 делегати. Овој е статут кој е многу демократски, им дава можност на сите чинители на фудбалот да учествуваат во собранието“, рече претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ