среда, 24 декември 2025

Омерагиќ кон Ангеловски: Јогурт во маркет трае подолго од твоите клупски ангажмани

Вчерашниот коментар на поранешниот селектор на Македонија, Игор Ангеловски кој контроверзно го искоментира назначувањето на Гоце Седлоски за нов предводник на А-репрезентацијата, поттикна лавина реакции.

Објавено на

часот

Сподели

Денеска на оваа тема се јави и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ.

„Човечки, културно и спортски е да се посака среќа и успех. Кога бирате селектор имате десет кандидати и на крајот избирате еден тренер. Ангеловски некои свои лични амбиции ги стави пред репрезентацијата. Би сакал да каже кои се моите интереси затоа што работам без надомест. Некоректно беше вака да се реагира, можеше барем да почека. Тоа кажувам за него, му посакувам добро здравје, но и да поработи на тренерските способности бидејќи јогуртот во маркет трае подолго од неговите последни клупски ангажмани“, рече Омерагиќ.

„Исто така не сакам и да се претвори во ѕвездда на месецот, тоа што кажа дека сме стаорци негово си е. Ние знаме кои сме и што сме“.

„Лично двапати му се јавив и му кажав дека размислуваме за него. Се одлучивме за нова енергија. Ни одговои дека би работел пак во федерацијата и дека ќе ја поддржи нашата одлука јаввно“, дополни претседателот на ФФМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ