Баерн на погодок се израздува уште во осмата минута кога Олисе погоди директно од корнер, но погодокот беше поништен поради фаул врз голманот на Бока.
Десет минути подоцна Хари Кејн донесе водство за Баерн Минхен од 1-0, тоа беше и резултатот по првото полувреме.
Во 66. минута Мигуел Мерентиел постигна прекрасен гол за израмнување на 1-1, навивачите на Бока се израдуваа.
Сепак европскиот гигант дојде до победата со гол на Олисе во 84. минута. Конечниот резултат беше 2-1.
Оваа победа значеше и осминафинале со оглед на тоа што Баерн Минхен по две одиграни кола има шест бода, Бенфика има четири, Бока јуниорс еден, а Оукленд нема бод.
Три бода прокнижи и Енсперансе Тунис кој со гол на Белаили во 71. минута дојде до триумф над Лос Анџелес.