Интернационалната Џудо федерација (ИЏФ) го врати правото на Русија кое ѝ беше одземено на почетокот од војната со Украина, Русите во овој спорт повторно ќе се натпреваруваат под свое знаме.
Спортистите од Русија и Белорусија беа комплетно исфрлени од некои спортови со почетокот на војната, а од останатите им беше дозволено да учествуваат, но без свое знаме и химна.
ИЏФ соопшти дека нивниот извршен комитет гласал да им се дозволи на руските спортисти повторно да се натпреваруваат под своето национално знаеме и химна почнувајќи од Гренд слемот во Абу Даби во 2025 година.
„Историски гледано, Русија е водечка нација во светското џудо, а се очекува нивното целосно враќање да го збогати натпреварувањето на сите нивоа, истовремено почитувајќи ги принципите на ИЏФ за фер игра, инклузивност и почитување“, стои во дел од соопштението на ИЏФ.
Тие додаваат дека спортот мора да биде неутрален, независен и ослободен од политичко влијание.
Останува да се види дали и други федерации ќе го следат потегот на ИЏФ.






