Двете екипи понудија ефикасна прва четвртина, која заврши во корист на „Светот“ со 37-34. Идентично беше и во продолжение од средбата во која кошаркарите се бореа на теренот, а на паузата заминаа со 70-66 за странските играчи.
Најдобрите македонски кошаркари успеаја да го свртат резултатот во своја корист по третата четвртина (94-93), по што големата борба на паркетот продолжи и во завршните 10 минути каде што успеа да слави тимот на „Македонија“ со 119-115.
Најефикасен во тимот „Македонија“ беше Виктор Ташовски со 19 поени, пет скокови и четири асистенции, додека Декариус Николас запиша 22 поени, два скокови и три асистенции за тимот на „Светот“.
За најкорисен кошаркар на Олстарот беше избран Ташовски од редовите на ТФТ Скопје.






