Победникот на мечот беше решен уште во првото полувреме кое ѝ припадна на Оклахома со 65-32. Во вториот дел Минесота одигра подобро, но тоа беше доволно само за да се избегне уште поголем дебакл. Конечниот резултат гласеше 124-94.
Шеј Гилџес Александер уште еднаш потврди дека апсолутно заслужено е МВП на сезоната, ја предводеше Оклахома со 34 поени, 8 асистенции и 7 скока, а се истакна и Холмгрен со 22 поена и 7 скока. Кај Минесота, Рендл беше најефикасен со 24 поени.
Оклахома ќе го чека својот противник во големото финале, а тоа ќе биде подобриот од серијата меѓу Индијана и Њујорк. Пејсерс водат со 3-1, а петтиот меч се игра вечерва во Медисон Сквер Гарден.
Фото: EPA