сабота, 21 февруари 2026

Охрид вторпат ја победи Дукла за четвртфинале во ЕХФ купот

Ракометарите на Охрид и вторпат ја победија Дукла Прага, овојпат 24-30 како гости и се пласираа во четвртфиналето на Европскиот куп на ЕХФ.

Објавено на

часот

Сподели

„Гладијаторите“ одиграа одличен натпревар и во Прага, тргнаа подобро и поведоа со 2-5. Следуваше опуштање кое домаќинот го казни и се врати до егал (7-7). Сепак, во вториот дел на првото полувреме охриѓани направија разлика од три гола. На одмор се замина со 13-15.

Во вториот дел Охрид одигра уште поубедливо, беше подобар ривал и предноста се зголеми. На крајот тимот на Борис Ројевиќ забележа сигурна победа над чешкиот противник за место меѓу осумте најдобри.

Со седум гола најдобар на паркетот беше Прибетиќ, додека по два помалку дадоа Ојлески и Пешиќ.

За време на полувремето падна и запросување, бидејќи охридскиот навивач Валентин ја побара раката на својата девојка Јована.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ