сабота, 4 април 2026

Охрид вторпат го победи Олимпијакос и ќе игра европско полуфинале

Ракометарите на Охрид испишаа историја и се пласираа во полуфиналето на ЕХФ Европски Куп, откако славеа и во реваншот против Олимпијакос со 25-24.

Објавено на

часот

Сподели

По победата во Атина, македонскиот претставник и на домашен терен покажа дека е поквалитетен ривал. Гостите подобро го отворија натпреварот и поведоа на стартот, но охриѓани брзо ја презедоа контролата и во неколку наврати имаа предност од три гола, за на пауза да заминат со 14-12. Во второто полувреме Олимпијакос тргна на ризик и успеа накратко да направи пресврт, но нивната предност беше минимална и краткотрајна. Охрид експресно се врати во ритам, повторно го презеде водството и не дозволи изненадување во финишот.

Во клучните моменти македонскиот тим одигра зрело и сигурно, па на крајот заслужено го потврди триумфот и со својата публика го прослави големиот успех и историскиот пласман меѓу четирите најдобри екипи во натпреварувањето.

Најефикасен во победничкиот состав беше Анте Иванковиќ со осум погодоци, додека Јагуриноски додаде четири. Кај гостите се истакна Савас со пет гола.

Во борбата за финале, Охрид ќе се соочи со Целје, кој во четвртфиналето беше подобар од Бузау.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ