среда, 8 април 2026

Охрид слави против Еурофарм Пелистер среде Битола

ГРК Охрид славеше голема победа на гостувањето кај Еурофарм Пелистер со 26-27 (13-11) во дербито на четвртото коло од плеј-офот во Суперлигата.

Објавено на

часот

Сподели

Битолчани имаа контрола во првото полувреме и на пауза заминаа со предност од два гола. Во вториот дел пелистерци поведоа уште еднаш со максималните три разлика, ама потоа гостинот целосно се врати.

Охриѓани се наметнаа, го свртеа резултатот и потоа беа во подобра позиција. Во финишот се играше гол за гол, а драмата кулминираше во последните секунди. Херој на „рибарите“ беше Тилен Стрмљан кој погоди со звукот на сирената за победа и големи два бода.

Токму Стрмљан беше најдобар стрелец на Охрид со пет гола, додека по четири дадоа Јагуриновски и Ќосевски. Кај Еурофарм Пелистер се истакна Дејан Манасков со шест гола.

Со овој триумф, ГРК Охрид се израмни со Еурофарм Пелистер на второто место со по 42 бода, додека најголем добитник од резултатот е Вардар 1961 кој е на чекор до враќање на титулата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ