недела, 29 март 2026

Охрид сигурно победи во Атина и гледа кон полуфинале во ЕХФ Купот

Ракометарите на ГРК Охрид стигнаа до сигурен триумф на гости кај Олимпијакос од 26-31 во првиот четвртфинален натпревар во ЕХФ Купот.

Објавено на

часот

Сподели

Пресметката во Атина мина во знакот на „гладијаторите“ кои направија чекор кон полуфиналето. Охриѓани отворија добро и уште во првиот дел почнаа да градат сигурно водство. Во еден момент од првото полувреме водеа со 8-14, а на пауза се замина со 10-15.

Во продолжението Грците успеаја да се вратат најблизу до три гола негатива во повеќе наврати. Последен пат Олимпијакос беше близу на 25-28, но до крајот даде еден, а прими три погодоци.

Најефикасни играчи во таборот на Охрид беа Николаос Лиапис и Анте Иванковиќ со по седум гола, додека во грчкиот тим се истакна Савас Савас даде дури 14. Од голманите се истакна Кристијан Пилиповиќ кој фати 14 удари кон својот гол.

Реванш натпреварот во Охрид се игра на 4 април.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ