сабота, 27 декември 2025

Охрид се засили со ракометар од Бундеслигата

Ракометниот клуб Охрид му кажа добредојде на хрватскиот кружен напаѓач, Џанфранко Прибетиќ кој стави потпис на договор до 2028 година со македонскиот клуб.

Фото: РК Штутгарт

Објавено на

часот

Сподели

Се работи за корпулентен ракометар, висок 196 сантиметри кој доаѓа од Бундеслигата, од тимот на Штутгарт.

Има 25 години, кариерата ја почна во РК Пореч од каде во 2019 година се пресели во Нексе каде настапуваше до 2024 кога потпиша за Штутгарт. Има настапи и за хрватската репрезентација.

Во 2018 година со хрватската кадетска репрезентација го освои четвртото место на Европското првенство и беше прогласен за најдобар дефанзивец.

Ова засилување за охриѓани е уште еден показател за нивните високи амбиции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ