петок, 3 април 2026

Охрид пред полни трибини ќе брка европско полуфинале

Ракометниот клуб Охрид го потврди она што се очекуваше за натпреварот против Олимпијакос во четвртфиналето на Европскиот куп на ЕХФ.

Објавено на

часот

Сподели

Клубот потврди дека реванш дуелот против грчкиот ривал ќе се одигра пред полна сала, откако сите билети за утрешниот натпревар се распродадени.

Во салата „Билјанини Извори“ се очекува вистински спектакл, каде „гладијаторите“ ќе атакуваат на место во полуфиналето од Европскиот куп на ЕХФ. Избраниците на Борис Ројевиќ имаат предност од пет гола од првиот меч во Атина.

Дуелот во Охрид се игра со почеток од 18:00 часот

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ