Дуелот донесе голема борба на теренот и многу пресврти, а двете екипи до самиот крај беа во игра за победата. По израмнетото прво полувреме, Алкалоид замина на пауза со минимална предност од 13-14.
Во продолжението охриѓани заиграа поагресивно и успеаја да направат пресврт, па во последните минути имаа и водство. Сепак, гостите успеаја да се вратат и да избегнат пораз, па на крајот двата тима ги поделија бодовите со резултат 27-27.
Најефикасен кај домашниот состав беше Дарко Ѓукиќ со 8 погодоци. По четири пати во листата на стрелците се запишаа Иванковиќ и Стрмљан, додека по три гола постигнаа Прибетиќ и Вуко Борозан. Голманот Пилиповиќ имаше 8 успешни интервенции.
Во составот на Алкалоид најрасположен беше Никола Костески кој реализираше 6 гола од 7 обиди. Марко Митев, Урош Борзаш и Ненад Костески постигнаа по 4 погодоци, а голманот Иван Галевски натпреварот го заврши со 6 одбрани.






